16:01 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Температури речиси како во лето, еве од кога до кога!

– Како што најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд и тоа особено претпладне, додека до крајот на денот врнежите ќе престануваат. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, што значи дека истите ќе бидат нешто пониски, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, од среда па натаму, под влијание на јужно воздушно струење температурите ќе бидат во пораст, а времето ќе биде променливо облачно и суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.

– И во Скопскиот регион утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени. Потоа од среда па натаму времето ќе биде променливо облачно и суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 21 степен, известува Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....