9.8 C
Скопје
12:46 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивни дождови на повеќе места низ Македонија, силен ветер!

– Под влијание на влажен воздушен бран и циклонска активност со центар над Италија, времето во Македонија за време на овој викенд ќе биде променливо облачно, особено во западните предели со повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, додека утре доцна попладне и навечер истите ќе се прошират на повеќе места, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, ќе има услови и за локална нестабилност, особено на запад и проследена со пороен дожд и со појава на грмежи, додека на високите планини ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Истиот повремено на некои места ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час).

– Поради јужното воздушно струење, овој викенд температурите ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. Вкупното количество на воден талог во западните предели во следниот период ќе надминува 50 л/м2.

Поголемо заладување на времето се очекува ќе има во почетокот на следната недела, односно во вторник, кога услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска визочина. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец – објаснува метео прогнозерот.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....