6.8 C
Скопје
08:45 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ПИТА ОД НАУТ: Максимално вкусно, екстремно здраво, а посно!

наташа мустафа

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил, а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ТАРТ ОД ТИКВА: Уживајте во мирисот на есента!

„ЉУБОВТА КОН ГОТВЕЊЕТО ЈА НАСЛЕДИВ ОД ДВЕ ПРЕКРАСНИ ЖЕНИ, ИЗВОНРЕДНИ ВО КУЈНА, МАЈКА МИ ЗОРЕ И БАБА МИ РАДА. ГОТВЕЊЕТО МЕ ОПУШТА И ПРЕКУ НЕГО ЈА ИЗРАЗУВАМ МОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. ГОТВАМ, СЕРВИРАМ, ФОТОГРАФИРАМ.ТОА Е МОЈ НАЧИН ДА ЈА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНАТА И ПРЕНЕСАМ ПОРАКАТА ДЕКА ГОТВЕЊЕТО Е УМЕТНОСТ“, НИ ОТКРИВА НАШАТА ДРАГА НАТАША.

Денес, Наташа ни направи пита од наут. „Не знаете колку е само вкусно“, вели Наташа.

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ МЕДИТЕРАНСКИ РЕЗАНЦИ СО САРДИНА: Вкусот на морето во вашата чинија!

Потребни состојки:

  • Околу 250 гр наут
  • 2-3 моркови
  • 1-2 домати
  • 1-2 млади кромитчиња
  • 6-7 маслинки
  • 5-6 зелени маслинки со пиперка
  • 1 рака пченка
  • 4-5 кисели краставички
  • 1-2 феферонки
  • 2-3 лажици путер од кикирики
  • 1 лажица сенф
  • зачини по вкус

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Наташа М. (@natasaemil)

Подготовка:

Наутот варен, се блендира на крупно. Му се додаваат ренданите моркови и 1 лажица путер од кикири. Смесата се става во тава обложена со хартија за печење. Одозгора се ставаат останатите состојки: домати, младо кромитче, маслинки, пченка, кисели краставички, феферонки, морков. Над сето ова се полева сос од путер од кикири, сенф и малку водичка па се става да се пече околу половина час до 40 минути. Првите 15 минути печете на 200, па намалете на 180 степени.

На здравје!

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....