5.8 C
Скопје
13:55 - 21 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ШЕХЕРЕЗАДА ТОРТА: Започнете ја работната недела со совршен десерт

мартина трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи Шехерезад торта – наједноставната и најлесна торта без печење од само неколку состојки!

Мартина Трајаноска.
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

За пудинг крем:

  • 4 кесички пудинг (чоколадо)
  • 200 гр чоколадо
  • 250 гр путер/маргарин
  • 1 литар млеко
  • 100 гр шеќер
  • 2 пакетчиња бисквити
  • 500 гр шлаг крем
  • 800 гр млеко

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Најпрво сварете го пудингот по упаството на кесичката, додадете го чоколадото во врелиот пудинги оставете да се излади. Потоа постепено додавајте го во веќе изматен путер/маргарин на собна температура. Матете со миксер дури не добиете убава мазна крема.

Настрана изматете шлаг крема или слатка павлака (по ваш избор). Јас ја правев со 500 гр шлаг крем кој го изматив со 800 мл млеко, ако правите со хопла изматете си 800-1000 мл хопла.

Ставете ред бисквити(во еден ред ставав 5 реда по 6 бисквити-вкупно 30 бисквити во еден ред), ред пудинг крем, ред шлаг крем и повторете го ова дури имате бисквити и фил. Декорирајте по желба и оставете во фрижидер барем 2/3 часа да отстои.  Јас турските бисквити не ги потопував во ништо, си примија од филовите, не мора ни обичните бисквити, но доколку сакате можете да ги потопите кратко во млеко.

Пробајте ја оваа торта и сигурно нема да ја направите само еднаш!

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....