00:34 - 3 ноември, 2026

И ТЕРАСА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЦВЕТНА БАЈКА: Моето мало терасиче е моето цветно дворче!

Денес разговараме на цветна тема со госпоѓа Мирјана Попгеоргиева, економистка по професија, пензионерка.

Мирјана е среќна, весела и комуникативна жена, која сака луѓе, цвеќиња и позитивни мисли. Таква е, весела, и нејзината тераса.

приватна архива

Терасата на Мирјана од само 5 метри квадратни е пример дека со љубов секој простор, дури и ако е помал, може да се претвори во бајка. Се согласува дека предноста на поголем простор е во тоа што може да се засадат повеќе цвеќиња, но вели дека нејзиното дворче се наоѓа на нејзината тераса.

Со одгледување и нега на цвеќиња се занимава речиси 20 години, но тоа го прави за лично задоволство, а не за бизнис.

-Дневно на цвеќињата им посветувам околу еден ипол час. Понекогаш за негата на цвеќето ми помага и сопругот, ни открива Мирјана.

Мирјана се согласува дека на цвеќето треба ѝ да му се зборува, но и да му се восхитуваш!

-Порано имав многу салонски цвеќиња и секое утро им зборував, ни вели таа.

Така е, за убаво цвеќе треба и убава жена и многу вложена љубов!

На Мирјана фаворити меу цвеќињата ѝ се бегониите, цикламата и сарделите од сите видови.

Совет за оние кои сакаат да почнат со одгледувањ на цвеќе?

-За почетници, најдобро е да почнат со сардели, зашто тие се наједноставни за одгледување, ни открива Мирјана, жената која толку многу си ги сака цвеќињата што им се восхитува дури и на оние кои по пат ги сретнува.

ФОТО – Приватна архива

Слични објави

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.
Се вчитува....