1.8 C
Скопје
01:46 - 11 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Брз и превкусен чизкејк без печење во кој ќе уживаат сите

теодора георгиевска

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа со сите вас споделува еден брз и превкусен рецепт за чизкејк без печење во кој ќе уживаат сите.

Потребни состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 100 гр путер
  • 400 гр крем сирење
  • 130 гр шеќер во прав
  • 300 мл слатка павлака (хопла)
  • 400 гр. замрзнато мешано овошје
  • 100 гр шеќер

 

Начин на подготовка:

Бисквитите измелете ги и измешајте ги со стопениот путер. Оваа смеса ставете ја на дното од калапот за торта обложен со округла хартија за печење и убаво натапкајте ја. Овошјето ставете го во тенџерече заедно со шеќерот и оставете го да врие на тивок оган со повремено мешање околу 15 минути, за да испари течноста.

Во длабок сад со миксер измешајте ги крем сирењето и шеќерот и потоа додадете ја слатката павлака и мешајте уште 5 минути да се згусне. Оваа смеса распоредете ја врз бисквитот и ставете да се лади во фрижидер најмалку 3-4 часа. На крај ставете го изладеното сварено овошје и уживајте во вкусот!

На здравје!

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....