8.8 C
Скопје
04:12 - 24 април, 2024

РАЗГОВОР СО ЕЛИЗАБЕТ КОЛЕВСКА: Танцот ѝ покажаува на жената во зрело доба дека „вистинската жена“ е сè уште будна

Жените во менопаузата се склони кон зголемување на телесната тежина, нарушување на метаболизмот, стануваат помалку активни, а со намалувањето на естрогенот во телото се зголемува и ризикот од одредени здравствени проблеми. Сепак, има решение за разблажување на непријатните симптоми.

Државниот универзитет во Сао Паоло неодама објави обемно научно истражување според кое редовното практикување танц за време на менопаузата, три пати неделно, може да генерира позитивни ефекти поврзани со полесно надминување на симптомите. На оваа тема, менопаузата и танцот, односно балетот, разговараме со балерината и професорка Елизабет Колевска од Центарот за балетска уметност „Арабеск“ (Аrabesque).

фото – приватна архива

Како вие гледате на позитвината страна и воопшто на поврзаноста на балетот/танцот и жените кои се соочуваат со менопауза?

Не е едноставно да се биде жена. Жените се родени со болката всадена во нив. Тоа на некој начин е како наша судбина, за која сме повеќе или помалку свесни. Многу сегменти од женскиот живот се поврзани со болката: менструалниот циклус, пораѓањето, грижата за својата естетска убавина.. Едноставно сето тоа го носиме со себе. Балетската уметност исто така е поврзана со болката. Можеби затоа повеќе жени ја избираат како своја професија или хоби. Знаеме дека во професионалните води, работниот век на балерината е ограничен. Колку и да сакаме, не можеме да ги спречиме промените кои се случуваат со телото низ годините. Но во светот постојат трупи кои се осврнуваат точно кон играчи во оваа возраст, каде што им се дава можност да творат, создаваат, танцуваат споделувајќи ги заедно истите (слични) психо-физички состојби, што допринесува до взаемно разбирање и прифаќање на себеси. Ако зборуваме пак, за балетската уметност, како рекреативна дејност, во која спаѓа нашата група на возрасни членови, нема како а да не се согласиме со тоа дека од истата би можеле да имаме само придобивки.

приватна архива

Жените во оваа фаза се склони кон зголемување на телесната тежина, нарушување на метаболизмот, стануваат помалку активни, а со намалувањето на естрогенот во телото се зголемува и ризикот од одредени здравствени проблеми. Балетот го подобрува балансот, држењето на телото, силата, издржливоста, ја подобрува циркулацијата, помага во затегнување на мускулатурата, топи калории, релаксира. Тоа не се малку нешта како за почеток, нели?

Во менопаузата, промените не се однесуваат само на телото, туку се случуваат и промени на расположението, а тагата и депресијата често ја придружуваат оваа деликатна фаза од животот. Бројни жени дури и се жалат на намалување на самодовербата. Кои се вашите искуства со жените кои на позрели години се вклучуваат во вашите групи за балет?

– Секако дека проментите што се случуваат не се само физички. Жените во постменструалниот период се сретнуваат со чести промени во расположението, анксиозност, намалување на самодовербата. Балетот прави да бидеме посвесни за своето тело, да го спознаеме, да се чувствуваме подобро физички, но и психички. Тој на некој начин претставува терапија. Со движењата кои се грациозни и префинети и музиката во позадина, балетот им покажува на овие жени дека „вистинската жена“ во нив е сè уште тука и сè уште e будна. Допринесува во развивањето на многу попозитивно чувство и слика за себе. Жените во нашата група беа доволно смели и сигурни за првпат да застанат на сцена и да се прикажат себеси пред публика.

Што се однесува до менструалниот циклус, постојат конкретни вежби кои потпомагаат во намалување на тегобите за време на периодот. Секако, тука е присутно и дишењето, кое има огромен удел.

Освен менопаузата, која доаѓа кај жените како природен процес, кои се според Вас здравствените придобивки од балетот, односно танцот, кај жените кои се соочуваат со болни менструални циклуси?

– Што се однесува до менструалниот циклус, постојат конкретни вежби кои потпомагаат во намалување на тегобите за време на периодот. Секако, тука е присутно и дишењето, кое има огромен удел. Танцот е оној кој нè понесува и додека тоа се случува, забораваме на сè останато.

Движењето е најмоќниот личен тренер на мозокот, како и на телото и, меѓу другото, се смета дека ја намалува агресијата, се согласувате ли со тоа и зошто е тоа така?

– Секако! Танцот е креативен начин на разрешување на проблемите. Многу истражувања кај деца покажуваат дека е ефективен начин за справување со агресијата. Не случајно танцот е задолжителен предмет во училиштата на запад, каде што децата преку танцова терапија разрешуваат проблеми и се социјализираат.

приватна архива

Каков танц треба да изберат повозрасните жени и колку нашите жени се расположени за оваа активност?

– Бидејќи сите ние сме индивидуални и различни, јас сум секогаш за тоа секој да го пронајде своето место онаму каде што се чувствува добро. Она што ние се обидуваме да го постигнеме со балетот и рекреативната група за возрасни е да покажеме колку е прекрасна балетската уметност, да го споделиме тоа чувство меѓу себе, да се одржуваме во добра психофизичка состојба и да танцуваме со душа, затоа што танцот е слобода и живот! И овој септември ја стартувавме новата сезона, а нашата група се проширува, што ме прави среќна. Ги поздравувам сите овие храбри жени, и ќе искористам еден цитат од американската танчарка Марта Греам: „Одличните танчери не се одлични поради својата техника, тие се одлични поради својата страст.“

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....