11.8 C
Скопје
08:33 - 23 октомври, 2026

МНТ НАСКОРО СО НОВА ПРЕМИЕРА: „Работи за кои не зборуваме“

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се подготовките за најновата претстава „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, а во копродукција на Wonderland Theatre и МНТ.
Приказната е базирана на лични искуства на актерите, како и на интимни животни искуства на разни луѓе, кои можеби секој од нас на еден начин ги искусил или преживеал, но останале таму некаде длабоко потиснати во нас, а притоа не сме имале доволно храброст или можност да ги споделиме.
Токму во оваа претстава се разработуваат интимни сведоштва на лица кои безрезервно ги споделија/раскажаа своите болки, трауми, срамови, моменти на осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажни насмевки, изгубен апетит, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под очила, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во миг од животот…
Театарот е тука за да го даде гласот и лицето на работите за кои не зборуваме и преку приказните да отвори разговор за промена во општеството. Стегите се отклучуваат преку актерската игра на: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски.
Сценографското решение е на Васил Христов – Вуси, а костимите ги изработи Роза Трајческа. Користена е музика од Крсте Роџевски, додека дизајнот на плакат е на Борче Димитриовски.
Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Македонскиот народен театар, а премиерната изведба се очекува кон крајот на септември и согласно со тековните протоколарни мерки за заштита од Ковид – 19.

Слични објави

Хороскоп за 23 октомври: Бикови, поради една ситница ќе се чувствувате многу среќно

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....