10.8 C
Скопје
07:46 - 25 април, 2024

СОПРУГАТА НА ШУМАХЕР ПО 8 ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА: Ни недостасува Михаел, иако сè уште е тука

Корина Шумахер, сопругата на легендата во „Формула 1“, Михаел Шумахер, прозборе за него во едно од ретките интервјуа. За првпат по осум години, во интервју за новиот документарец на „Netflix“ наречен „Schumacher“ чија премиера е најавена за 15 септември, таа зборуваше за неговата состојба.

„Ми НЕДОСТАСУВА Михаел секој ден, но не само мене, туку и нашите деца, семејството, татко му, сите блиски. На сите им недостасува Михаел, но тој сè уште е тука. Поразличен, но тука е. Тој сè уште ми покажуваколку е силен, секој ден“, вели таа.

михаел шумахер
Фото: EPA/JENS BUETTNER

Корина откри дека пред да се случи несреќата на скијање на Алпите, по што беше во кома шест месеци, се пожалил на условите и рекол дека сепак требало да одат на некое друго место на одмор.

„Непосредно пред да се случи несреќата, ми рече дека условите на снегот не се оптимални и дека можеби треба да одиме во Дубаи и таму да скокаме со падобран“, раскажа Корина. Тоа било едно од последните работи што ѝ ги кажал.

Поминаа осум години од несреќата на Шумахер, а семејството, кое се грижи за него во нивниот дом во Швајцарија, ретко споделува детали за неговата состојба. Во новиот документарен филм, Корина зборува и за кариерата на нејзиниот сопруг.

„Неговите трки секогаш завршуваа среќно. Верувам дека имаше неколку ангели чувари кои внимаваа на него. Можеби бев наивна или тоа беше некој одбранбен ѕид што го изградив околу себе, но никогаш не ни помислив дека би можело да му се случи нешто. Никогаш не го обвинив Бога бидејќи се случи оваа несреќа. Тоа едноставно беше несреќен случај, може да му се случи на секого“, вели сопругата на Шумахер.

михаел корина шумахер
Фото: EPA/OLIVER MULTHAUP GERMANY

Таа исто така објасни дека не сакала многу јавно да зборува за неговата состојба бидејќи Михаел секогаш многу се грижел за приватноста. Сепак, таа откри дека семејството живее заедно и дека сите се грижат за Михаел и наизменично му помагаат околу терапијата.

„Како семејство, се обидуваме да продолжиме понатаму како што правеше и сè уште прави и Михаел. Живееме заедно. Му помагаме во терапијата. Правиме сè што можеме за да биде подобар и да му биде поудобно. Приватното е приватно, постојано велеше така. Затоа ми е важно да продолжи да ужива во приватноста колку што е можно повеќе. Михаел секогаш нè штитеше, а сега ние го заштитуваме“, рече таа.

мик шумахер
Мик Шумахер/ Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Корина и Михаел се венчаа во 1995 година и заедно имаат две деца, 24-годишната Џина и 22-годишниот Мик, кој тргна по стапките на својот татко во „Формула 1“. Двете нивни деца исто така ќе се појават во документарецот.

„Мислам дека јас и тато сега би се разбрале на нов начин. Ќе имавме многу за што да разговараме. Сè би дал тоа да биде возможно“, рече Мик.

Слични објави

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо
Се вчитува....