4.8 C
Скопје
22:57 - 12 март, 2026

ГОТВИМЕ СО ФИЛИПИНКАТА КРИСТИ: Новогодишен рецепт што носи среќа и долг живот!

Панцит или тестенини е едно од филипинските национални јадења што не смее да изостане на ниту една забава или роденден. Обично се состои од долги, тенки нудли кои се подготвуваат во тава со месо и разни зеленчуци. На прв поглед, малку ве потсетува на шпанска паеља, а понекогаш се служи и со густи јуфки.

Овој специјален рецепт за панцити секогаш се подготвува за родендени и прослави како и за Нова година. Подгответе го и вие, затоа што се верува дека со должината на нудлите поскаувате долг живот и среќа на вашите најмили и гости.

Фото:  Приватна архива

Потребни состојки:

  • Половина зелка (исецкана)
  • 2 моркови сецкани
  • брокула
  • пиперка
  • масло за готвење
  • сецкан лук (количината по желба)
  • еден исецкан кромид
  • половина пакување нудли
  • бибер и сол
  • 150 гр пилешки гради
  • шкампи
  • за крај соја сос

    Фото: Приватна архива
фото-приватна архива

Начин на подготовка:

Во подлабок сад за готвење сварете ги нудлите. Исцедете ги од водата. Во длабока тава за пржење ставете масло за готвење. Започнете со пржење на кромидот и лукот. Потоа додадете го пилешкото месо. Откако малку ќе зарумени додадете ги шкампите. Пржете на средна температура со постојано мешање. Откако шкампите ќе омекнат почнете да ги додавате зеленчуците, еден по еден со постојано мешање. Треба само да омекнат не да се препржат. На крај додаете ги нудлите и соја сос ( количината по желба ). Тргнете ја тавата од оганот и оставете ја непокриена 10-тина минути. Сол и бибер додавајте во текот на пржењето, секогаш по малку, се додека не го добиете посакуваниот вкус.

Уживајте и споделете го вашиот филипински панцит!

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

ФИЛИПИНКА ВО МАКЕДОНИЈА: Првите месеци ме фати депресија, на свекорот му реков „дали си умрен“ наместо уморен…

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....