9.8 C
Скопје
21:32 - 19 февруари, 2026

(ВИДЕО) Местото каде ѕвездите „отвораат душа“: Миа Костова во „Ништо лично“

Несудена балерина која тоа никогаш не станала иако за оваа уметничка дејност има стручна наобраозба и диплома. Затоа пак, уште како многу млада влегува во телевизиските води, поточно во ТВ водителството, по кое со години подоцна ќе ја препознаваат како една од водителките на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ која во разни комбинации со колешките и колегите, најдолго опстојала пред камерите за време на неговото емитување.

Последниве години се помалку ја има како лице од медиумите, но затоа е „главна фаца“ на социјалните мрежи.

Атрактивна, провокативна, сексапилна, контроверзна, но и лута на јазик, не можејќи да ги истрпи општествените неправди, постојано знае „да им ја плесне в лице“ вистината која тие ја изопачуваат, дури и на највисоките функционери во државата.

Од друга страна, фотографиите коипостојано ги споделува на социјалните мрежи особено на нејзиниот Инстаграм профил, секојдневно добиваат се повеќе лајкови, а бројот на нејзините следбении вртоглаво расте. Аналогно на тоа, таа станува една од Топ трите највлијателни инфлуенсерки во Македонија, за која спонзорите чекаат ред да ги рекламира нивните брендови и услуги.

Покрај сето ова, таа е грижлива и посветена мајка, во чие срце има место за само еден мал, но за неа најголем човек на светот – нејзиното синче Андрија.

Со атрактивната русокоса за нејзиниот приватен живот и водителската кариера, за инфлуенсерството кое го „вози“ како професија од која како што самата вели, пристојно се живее, за написите во медиумите, коментарите на социјалните мрежи, естрадно-кулоарските муабети и озборувања за нејзината (би)сексуална определба, партнерката со која живее и уште многу нешта што никаде не сте ги сретнале, ниту пак ќе ги сретнете на друго место, зашто никаде нема нешто слично… со Миа Костова во најновото издание на „Ништо лично“… со Антонио Димитриевски.

Секоја среда во 20.30 часот на Јутјуб каналот на Еспресо.мк

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....