12.8 C
Скопје
06:42 - 17 мај, 2024

Србија од ЕУ ќе добие поддршка од 165 милиони евра до крајот на годината

На средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, било разговарано и за енергетиката и за барањето за воведување санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

По средбата со Вархеји, Вучиќ изјави дека ги разбира неговите забелешки во однос на усогласувањето на надворешната политика на Србија со ЕУ.

-Преку територијата на Србија никој не може да ги заобиколи санкциите што ЕУ ги воведе кон Руската Федерација и Србија реагира и ќе ги санкционира такви обиди, рече Вучиќ.

Вучиќ се заблагодари на ЕУ за финансиската помош, наведувајќи го фактот дека Србија потроши меѓу 42 милиони евра за увоз на струја во ноември и очекувани 90 до 100 милиони евра во декември, и да „по комбинирани цени“ на месечна основа, Србија троши „не помалку од 200 милиони евра“ при увоз на гас.

Тој се заблагодари за најавената клучна буџетска помош од 165 милиони евра до крајот на оваа година, која ја најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за време на нејзината неодамнешна посета на Србија.

-Тоа е голема, исклучително значајна сума пари за нас, тоа е важна и голема работа што ЕУ ја заврши во интерес на земјите од Западен Балкан, а Србија секако ги доби најзначајните финансиски средства, рече Вучиќ.

Како што кажа, разговарале и за понатамошната енергетска диверзификација на Србија, можноста за набавка на дополнителни количества гас од Азербејџан, забрзување на работата на интерконекторот Србија-Бугарија, пристапот до терминалите за течен нафтен гас и за интерконектор Србија-Северна Македонија.

-Разговаравме за многу стратешки работи, но и за проекти во кои веќе сме заедно со ЕУ, како што е брзата пруга Белград-Ниш. Среќен сум што и нишлии и југот на Србија ќе имаат брза железница и врска со Будимпешта, Виена, како и Белград и Нови Сад, рече Вучиќ и додаде дека на тој план ЕУ предвидела огромна поддршка, не само преку поволни заеми, но и во грантови.

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и еврокомесарот Оливер Вархеји денеска во Белград беа потпишани три договори меѓу Србија и Европската унија.

 

Слични објави

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо

Џенифер Лопез и Бен Афлек на чекор до развод: Актерот се отселил од луксузната вила

еспресо

(Фото) „Шокантно, не е за деца!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографии од сопругата, последна ноќ како девица

Еспресо
Се вчитува....