8.8 C
Скопје
19:07 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Чекаме ли снег?

– Како што веќе најавивме, од утре облачноста ќе се зголемува и доцна навечер и во текот на ноќта кон четврток од запад ќе се прошират врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ОБИЛНИ, особено во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најавува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите значително ќе опднат и ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и максималните дневни, особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 18 степени.

Според Попоски, и во Скопскиот регион од утрешната ноќ следуваат врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите на воздухот. Максималните дневни температури, особено од четврток ќе бележат тендензија на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 16 степен и ќе бидат потпросечни за овој дел од годината.

– Поради ГОЛЕМОТО ЗАЛАДУВАЊЕ во текот на следниот период и поради падот на температурите за повеќе од 10 степени, не се исклучува можноста на високите планини да се создадат услови и за врнежи од СНЕГ, заклучува метео прогнозерот и напоменува дека оваа релативно ГОЛЕМА и НАГЛА промена на времето лошо ќе се одрази кај метеопатите, па овие денови кај истите можни се поголеми здравствени проблеми. Затоа истите да ги слушаат советите од своите лекари и да внимаваат на своето здравје.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....