14:16 - 1 април, 2026

Новозаболени од ковид – 179, најмногу од Скопје

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие од направени 997 тестови за ковид-19, регистрирани се нови 179 случаи. Во последниве 24 часа не се евидентирани починати лица од копликации.

Најголем број на новозаболени со ковид се од Скопје – 97 и Кавадарци и Велес по 9. Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.

Институтот за јавно здравје информира дека минатата недела се регистрирани вкупно 1.069 нови случаи со намалување од 39,3 проценти во однос на минатата недела. Пријавени се пет смртни случаи, а во моментов се хоспитализирани 83 лица, од кои 34 се на кислородна поддршка.

„Пријавени се пет смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела со намалување од 58,3 отсто во споредба со минатата недела. Двајца починати се од Скопје, а пријавени се и по еден смртен случај од Кичево, Виница и Пробиштип. Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години, сите се починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети,“ соопштија од ИЈЗ.

Заклучно со 3 септември 2022 година, вакцинирани се вкупно 875. 606 лица со една доза на вакцина против ковид -19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно
856. 624 лица.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....