20:52 - 9 ноември, 2026

Грците ќе добијат кошнички за празниците – една со „Дедо мраз“, другата за Божик

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис денеска ги презентираше новите „кошнички“, кои ќе важат за периодот од 14 декември 2022 година до 4 јануари 2023 година, односно за периодот на божиќните и новогодишните празници.

По примерот на „Кошничката на домаќинствата“ во супермаркетите во Грција со основните прехранбени продукти чија цена треба да остане иста и прифатлива или да има минимално зголемување, воведена минатиот месец, сега, за празничниот период се воведуваат уште две кошнички, едната божиќна со производи поврзани со празниците, другата „на Дедо Мраз“ со играчки, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот з аразвој објасни дека на веќе постоечката кошничка во супермаркетите со пониски цени, ќе се додадат прехранбените производи поврзани со празничната трпеза, додека пак во соработка со здруженијата на производители и трговци со играчки се воведува „Кошничка на Дедо Мраз“.

Предвидено е да содржи десет различни категории играчки чија цена ќе треба да се задржи на ниско ниво.

– Сите продавници за играчки ќе треба да имаат „кошничка на Дедо Мраз“ во која ќе има барем по еден производ од секоја категорија. Повеќето синџири продавници ни рекоа дека ќе вклучат многу повеќе од еден производ, а кошничката ќе биде исклучително богата и празнична, рече Георгиадис.

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....