02:00 - 10 ноември, 2026

Градските советници не прифатија прекрасна иницијатива на „Зелен хуман град“ – нема да се возиме со нашите миленици

Градските советници во Скопје не ја изгласаа иницијативата на„Зелен хуман град“ (ЗХГ), граѓаните што имаат миленици со нив да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“.

Во јавниот превоз, според советниците нема услови за возење на граѓаните, а не пак за домашни миленици.

Според советникот Страшо Ангеловски сега во автобусите нема место за граѓаните, секојдневно сме сведоци за гужви во возилата.

„Мој пријател дома чува мало прленце, за него тоа е миленик, дали тоа значи дека ќе може да го качи во автобус. Колкаво куче ќе може да се качи, дали ќе може и кане корсо да се вози или само мали кучиња. Ако е така нели е тоа дискриминација. Ова прашање мора убаво да се разгледа, да се земат предвид сите околности“, рече Ангеловски.

Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ му реплицираше дека магаре не се чува во стан, па оттаму не е домашен миленик.

„Во одлуката стои дека миленикот треба да е во транспортер тоа значи дека не може да биде потежок од 15 килограми. Треба да почнеме од некаде, па потоа ќе зборуваме и за поголеми кучиња. Градот вчера распиша оглас за приватните превозници пак да се вклучат во јавниот превоз со што проблемот би се решил“, рече Велковска.

Сепак и покрај заложбите на активистите мнозинството ја прифати иницијативата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....