3.8 C
Скопје
20:02 - 20 декември, 2024

(Фото) Римјанката Џорџа Мелони може да биде прва премиерка на Италија

Џорџа Мелони, лидерка на партијата Браќа на Италија е фаворит да ја води коалициската влада во која би доминирала екстремната десница, покажуваат првите резултати од парламентарните избори во Италија.

Излезната анкета што ја објави РАИ вели дека Коалицијата составена од партијата на Мелони – Браќа на Италија, партијата Лига на Матео Салвини и Напред Италија на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места, тоа е апсолутно мнозинство во парламентот затоа што има освоено од 41 и 45 отсто од гласовите.

Џорџија Мелони е родена во Рим на 15 јануари 1977 година.Татко и потекнувал од Сардинија, а мајка и од Сицилија, но таткото го напуштил семејството кога таа имала единаесет години и се преселила на Канарските острови. Пораснала во областа Гарбатела. Во 1992 година, на 15 години, Мелони се приклучила на Младинскиот фронт, младинското крило на неофашистичкото италијанско социјално движење (MSI). Во овие години, таа ја основа студентската организација Гли Антенати (Предците), која учествуваше на протестот против реформата на јавното образование во Италија.

Подоцна стана лидер на студентското движење на Националната алијанса (АН). Таа беше советник на Рим од 1998 до 2002 година, по што стана претседател на  младинското крило на АН. Во 2008 година беше назначена за министерка за млади во кабинетот на Берлускони. На оваа  функција беше до 2011 година. На општинските избори во Рим во 2016 година како кандидат за. градоначалник не беше избрана. По општите избори во 2018 година, таа ги предводеше СДИ во опозиција во законодавниот дом.

премиеркаНејзините политички позиции се опишани како крајно десничарски. Таа се противи на абортусот, на евтаназијата и на партнерствата, браковите и родителството од истополови двојки. Како поддржувач на НАТО, таа има скептични ставови во однос на Европската унија и беше за подобри односи со Русија пред руската инвазија на Украина во 2022 година, која таа ја осуди, ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина. Неодамна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја предупреди Италија за последиците доколку отстапи од демократските принципи.

Мелони, позната е и по своите контроверзни ставови, откако во една прилика со пофални зборови коментираше за фашистички диктатор Бенито Мусолини – „Мусолини беше добар политичар бидејќи сè што правеше, го правеше за Италија”.

Подоцна, во 2006 година кога стана претставничка на Националната алијанса во 2006 година, ја промени реториката, изјавувајќи дека диктаторот правел „грешки”, алудирајќи на неговиот авторитаризам и влегувањето во Втората светска војна на страна на нацистичка Германија.

Таа знае да каже и дека „италијанската десница го остави фашизмот во историјата веќе со децении“.

Мелони има ќерка, Гиневра, со нејзиниот партнер Андреа Џамбруно, новинар кој работи за ТВ каналот Mediaset на Силвио Берлускони.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....