12:42 - 28 ноември, 2026

ДА ГО СПАСИМЕ ПАНТЕРОТ – Србите направија група на Фејсбук за хуман третман на големата мачка ФОТО

На социјалната мрежа Фејсбук е основана група „Спасете го пантерот“ со единствена цел да се поттикне хумано заловување на големата мачка и сместување во живеалиште какво што ѝ прилега.

„Оваа група е формирана со цел да собере што повеќе истомисленици за да апелира до надлежните државни институции, ловните друштва, министерствата и локалните самоуправи, како и до сите други професионални членови на јавноста, дека црниот пантер не треба да биде убиен, туку да се најде решение за негово хумано фаќање и поставување во средина каква што заслужува едно вакво убаво животно“, пишува на Фејсбук групата која од час во час добива се повеќе приврзаници кои молат пантерот да биде спасен.

Некои информации што ги објавуваат медиумите во соседството велат дека грациозната мачка се наоѓа во шумата кај Апатин. На новоформираната група е објавена и фотографија на која се гледа како двајца ловци се фотографирани покрај неподвижен пантер, но како што велат поддржувачите на групата за среќа станува збор за лажна вест.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....