22:23 - 8 ноември, 2026

Да донираме за Турција и Сирија – хуманитарен концерт утре во Скопје

Утре со почеток од 12 часот, во КСП „Центар Јадро“ ќе се одржи хуманитарен концерт за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија.

На концертот ќе настапат: Хана Корнети, музички проект Фортуна (Марија Каева, Владан Дробицки, Дино Милосављевиќ), Трио (Драган Теодосиев – тапани, Филип Букуршлиев – електрична гитара, Јордан Костов – хармоника).

Минималната препорачана донација за концертот изнесува 200 денари, кои посетителите ќе можат да ги оставаат во кутиите за донации што ќе бидат поставени од Црвениот крст за време на настанот во Центар-Јадро.

„Нашата установа која е плод на колективна грижа и солидарност, чувствува обврска да даде поддршка на тие што се најпогодени од оваа природна катастрофа. Во ова тешко време, веруваме дека секој придонес во било каква форма е од огромно значење за двете земји“, велат од КСП Центар Јадро.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....