04:32 - 8 ноември, 2026

Британија со нов пакет санкции за руски офицери и ирански бизнисмени

Велика Британија објави нов пакет од 16 санкции насочени кон командни офицери на руската армија и ирански бизнисмени, соопшти денеска Владата во Лондон.

Одлуката доаѓа во мигови на засилени руски напади врз Украина, насочени кон клучната енергетска инфраструктура.

Новите санкции се насочени кон „високи руски функционери поради нивната улога во руската армија и нејзината нехумана, неиспровоцирана инвазија на Украина“, како и против „команданти на воени единици вклучени во ракетни напади врз украински градови”.

Во соопштението се наведува дека „санкциите се фокусираат и кон ирански бизнисмени и воен функционер, вклучени во производство и/или набавка на воени беспилотни летала што се користат за извршување напади.

„Велика Британија е со Украина. Пресметливите напади на руските сили врз градови и невини цивили во Украина нема да останат без одговор“, рече министерот за надворешни работи, Џејмс Клеверли.

Тој додаде дека иранскиот режим кој „склучува валкани договори со рускиот претседател Владимир Путин во очајнички обид да преживее“ е се поизолиран, соочен со повици за промени од сопствениот народ.

„Путин сака да го скрши духот на Украина, но нема да успее. Украина ќе победи, Украина ќе се обнови“, рече Клеверли.

Лондон исто така соопшти дека санкциите вклучуваат поединци кои го олеснуваат производството беспилотни летала, вклучително и ко-сопственикот и извршен директор на компанијата „МАДО“ што произведува мотори за дронови какви што Русија користи во Украина

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....