9.8 C
Скопје
15:08 - 31 март, 2026

Бојан Маровиќ, пејачот што пееше со љубов за нашиот Тоше проговори за смртта на неговиот татко

Пејачот Бојан Маровиќ после многу години од семејна трагедија прв пат јавно проговори за смртта на неговиот татко кој си го одзел животот, а Бојан вели дека до ден денешен не се помирил со тоа.

– Никогаш немав време да му кажам толку многу работи што би му ги кажал. Мислев дека ќе бидеме многу стари луѓе кога ќе зборуваме за се. Моите родители ме родиле на многу млада возраст, па кога го изгубив татко ми, не го изгубив само татко ми, туку изгубив и пријател – рече Бојан со солзи во очите и објасни што всушност се случило кобниот ден.

– Татко ми се самоуби. Тоа беше момент, не беше планирано. Но, знам дека не сакаше, тоа беше само момент на слабост. Сите ги имаме, кога ти е смачено од се. Кога го закопував и го спуштав во земја, тогаш половина од мене замина. Никогаш не се опоравив од тоа. Лага е дека времето ги лекува раните. Не лечи, само стави го таму некаде. Многупати доаѓав на неговиот гроб и зборував за тоа што ме мачи. Отпрвин се прашував зошто и како се случило да си го одземе животот, но како што минуваат годините сфаќаш дека така морало да биде.

Некој би го обвинил бога, додава Бојан, но тој нема врска со тоа, тоа е само твоја одлука.

– Немаше ништо што укажува на тоа дека тој може да положи рака на себе, некогаш. Затоа беше гром од ведро небо кога се случи, а само замислете како боли потоа. Бев малку лут некое време, бидејќи мислев дека требаше да биде со мене, но му простив за се – изјави Бојан.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....