06:26 - 30 јануари, 2026

61-годишна баба има 24-годишен вереник! Се сретнале кога тој имал 15 години: Сексот е супер, таа знае што прави и јас не сум со неа за пари

Таа има седум деца, 17 внуци и вереник кој е 37 години помлад од неа.

Черил МекГрегор (61) од Џорџија, САД, има седум деца, 17 внуци и вереник кој е 37 години помлад од неа.

Кјуран Мекејн (24) имал само 15 години кога се запознале во ресторан за брза храна во кој тој работел, а таа го посетувала нејзиниот син кој бил менаџер на ресторанот. Тие тврдат дека тогаш немало романтични чувства меѓу нив, пишува Дејли Меил.

По некое време, тој дал отказ од ресторанот и тие го загубиле контактот, до почетокот на декември минатата година кога влегол во продавницата во која таа работела како касиерка.

– Иако порано секогаш беше среќна, тој ден тагуваше. Ја прашав што се случува, а таа плачеше. Беше вознемирена поради објавата на својот профил на „Тикток“ како танцува и поради тоа добила многу негативни коментари – се присетува Kуран.

Тој ја тешел, а неколку дена подоцна снимиле заедничко видео во кое танцуваат заедно и собрале околу 1.300.000 лајкови. Полека се зближиле и се заљубиле.

@ttvleolove_3@oliver6060 ##TeamofTomorrow ##JetPuffedSmourth ##unbanoliver6060 ##verifyoliver6060 ##pushit

♬ PUSH REMIX – Mikey McFly

– Се поврзавме на духовно ниво. Имаме одредена вибрација која нè поврзува – додаде тој.

Тој е најсочувствителниот и најемотивниот човек со кој сум била. Покажува колку се грижи за мене. Хемијата меѓу нас е одлична. Никогаш не мислев дека ќе бидеме заедно, но ова што се случува меѓу нас е неверојатно – рекла таа и забележала дека, и покрај големата разлика во годините, тие имаат фантастичен сексуален живот.

– Таа знае што прави, и тоа е најдобриот дел. Секој пат стануваме сè подобри – се надоврза Кјуран.

Нивната идила знае да биде нарушена од повремени непријатни коментари и потсмев на нивна сметка, но тоа, велат тие, не им пречи премногу затоа што тие уживаат еден со друг. Она што најмногу ги боли, е тоа што нивните семејства не ја одобруваат нивната врска.

Својата врска тие ја промовираат и на страницата „Само фанови“, каде што можат и по нешто да заработат. Тој, исто така, отворил и свој личен профил на ТикТок, каде што има над 820.000 следбеници и речиси 13.000.000 прегледи, а и тоа е нешто што носи убав приход. Таа имала свој профил, но била исклучена од платформата, како што вели, поради омраза.

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....