13.8 C
Скопје
17:12 - 17 март, 2026

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ТУРЦИЈА: „Ѓозлеме“ – бело платно за импровизација со вкусови

ѓозлеме

Традиционалната лепиња од отоманскиот период, „gözleme“ го доби своето име по турскиот збор „göz“, што значи око или преграда, кое алудира на филот во тестото и на црните плускавци, „очи“, на неговата површина откако ќе се испече.

Првично, анатолското ѓозлеме се служело за појадок или како лесна попладневна ужина, но денес има статус на популарна брза храна што може да се најде низ рестораните, количките со храна и кафулињата во земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koken met Merve (@kokenmetmerve)

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ФРАНЦИЈА: Супа од кромид – Основата на класичната француска кујна

Потребни состојки:

ЗА ТЕСТОТО:

– 135 гр брашно
– околу 100 гр вода на собна температура
– 1/2 лажичка сол

Фил со магдонос:

– 75 гр фета сирење, распарчено
– 20 гр магдонос, сецкан
– 1 лажица путер, за премачкување

Фил со месо:

– 150 гр мелено говедско (или јагнешко)
– 1 мал кромид, сецкан
– сол и бибер, по вкус
– магдонос, сецкан

Фил со спанаќ

– 150 гр замрзнат сечкан спанаќ, одмрзнат
– 1 мал кромид, сецкан
– 1 лажица маслиново масло
– 40 гр фета сирење, распарчено
– 1 прстофат црвена пипер (лута/блага)
– сол и бибер, по вкус

Фил со компир:

– 1 компир, варен, излупен, испасиран
– 1 мал кромид, сецкан
– 1 ½ лажица маслиново масло или путер
– 40 гр фета сирење, распарчено
– 1 прстофат црвена пипер (лута/блага)
– сол и бибер, по вкус

Фил со шеќер:

– 20 гр шеќер, може и кафен
– 1/2 лажичка цимет
– 1 лажица путер за премачкување

Метод:

1. Во сад измешајте ги брашното и солта, па постепено додавајте ја водата и месете додека не добиете тесто. Свртете го тестото на лесно набрашнета работна површина и месете 10 минути. Покријте со влажна крпа и оставете го тестото така да отстои 15 минути.

2. Поделете го тестото на четири парчиња со иста големина, а потоа развлечете го секое парче до дијаметар од 25 см.

3. Измешајте ги фетата и магдоносот и наредете го филот на средина, па преклопете ги двете спротивни страни, па другите две спротивни страни.

4. Загрејте нелеплива тава на средна топлина. Ставете едно ѓозлеме во тавата и печете го додека не се појават кафени дамки, а потоа превртете го и премачкајте го со стопен путер. Откако ќе се испече од едната страна, превртете го и премачкајте го со путер одозгора. Кога ќе се испече и од другата страна, намачкајте ја и таа страна со стопен путер.

* За да го направите филот со месо, гответе ги сите состојки, а потоа наросете со сецкан магдонос.
* За филот со спанаќ, прво испотете го кромидот на маслиново масло, а потоа додадете ги сите состојки освен фета сирењето и пржете 4-5 минути. Тргнете од оган и промешајте ја фетата.
* За филот со компири, прво испотете го кромидот во маслиново масло, а потоа додадете ги останатите состојки.
* За филот со шеќер не ви треба припрема, само дарежливо го наросувате тестото со шеќер и цимет.

Послужете топло, со чаша ајран!

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ЛУИЗИЈАНА: Пралини од орев со вкус на домашна карамела!

Слични објави

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova
Се вчитува....