8.8 C
Скопје
01:00 - 4 април, 2025

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ЊУ ОРЛЕАНС: Пудинг од стар леб – Декадентен рецепт со долга историја!

Пудинг од леб е старо јадење што се подготвувало од средновековно време во Европа и Блискиот Исток. Сепак, тоа е исклучително сакано и карактеристично во кујната на Њу Орлеанс. Јадењето се состои од застоен леб што се накиснува во комбинација од млеко, шеќер, јајца, јатки и овошје, а потоа се пече во вкусен десерт.

Може да се конзумира или топло како пудинг или ладно како торта. Во минатото, постоела практика да се издлаби леб, кој потоа се користел како сад за десертот. Постојат бројни варијации на пудинг од леб, од Египет и Турција до Индија и Малезија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Keough (@mrsgkeough)

Најраните пудинзи од леб и путер во Велика Британија беа наречени „white-pot“ и се правеле со путер или коскена срж. Денес, во Њу Орлеанс, локалниот леб со крцкава кора и лесна среда се комбинира со сладок крем што го прави декадентен десерт.

Готвачите секогаш прават нови варијации на јадењето во Луизијана, додавајќи бело чоколадо, компоти од јагоди, креолско сирење и карамел сос со кафеав шеќер и рум. Топол и срдечен, пудингот од леб е наречен дури и гамбо на десерти во Њу Орлеанс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Ultimate Nut Flour (@natureseats)

Потребни состојки:

– 1/2 кг бел леб, стар еден ден, исечен на големи коцки
– 1 лажица несолен путер
– 480 гр павлака за готвење
– 980 гр полномасно млеко
– 6 големи јајца
– 370 гр кафеав шеќер
– 4 лажици екстракт од ванила
1 ½ лажиче мелен цимет 1 1/2 лажиче мелен цимет
– 1/2 лажиче свежо рендано морско оревче
– 1/4 лажиче сол
– 80 гр суво грозје

Сос од виски:

– 480 гр павлака за готвење
– 240 гр полномасно млеко
– 100 гр бел шеќер
– 2 лажици пченкарен скроб
– 180 гр бурбон или друго виски (поделено: 60 гр + 120 гр)
– 1 прстофат сол
– 2 лажици несолен путер

друго: шеќер во прав

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Circa (@circawestseattle)

Метод:

1. Исечете го лебот на големи коцки од околу 2,5 сантиметри.

2. Во голем сад изматете павлака за готвење со млеко, јајца, кафеав шеќер, ванила, цимет, морско оревче и сол. Промешајте го сувото грозје и коцките леб. Оставете ја смесата да отстои 30-45 минути на собна температура.

3. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180С и подмачкајте ja тепсијата со путер.

4. Ставете ја смесата со леб во садот за тепсија. Печете 50-60 минути. Кога средината на пудингот од леб ќе се стабилизира, извадете го од рерната.

5. Додека се пече пудингот, подгответе го сосот од виски. Во тенџере ставете павлака за готвење, млеко и шеќер и варете ги на средна температура. Во посебен сад изматете пченкарен скроб и 60 гр бурбон и истурете го во смесата со павлаката за готвење. Доведете до вриење и вриејте 5 минути. Повремено мешајте.

6. Исклучете го огнот. Промешајте го путерот и преостанатиот бурбон.

7. Оставете го пудингот од леб малку да се излади и посипете го со шеќер во прав. Прелијте со сос од виски и сервирајте.

На здравје! 

Слични објави

(Фото) Катарина со драстични мерки: Ее што му напиша на гаќите на Дарко Лазиќ!

Еспресо

Ѓани е во голем минус поради повредата, жена му искрена: „Само нека е жив и здрав!“

Еспресо

Наташа Беквалац хоспитализирана! Пејачката се огласи од болница со важна порака

Еспресо

Голема прослава во домот на сестрата на Богдана Ражнатовиќ: Од сите страни пристигнуваат честитки – „кукло моја“

Еспресо

(Фото) Сандра Африка го „запали“ интернетот: Пејачката позираше во минијатурно бикини на плажите на Малдиви

Еспресо

Раде Шербеџија снимал филм со Вал Килмер: „Не сакаше да зборува со мене во текот на целото снимање!“

Еспресо