9.8 C
Скопје
23:43 - 10 април, 2026

Вкус кој освојува: Наједноставниот колач со суво овошје

Вкусна посластица за целото семејство. Колач кој воодушеви многумина со својот лесен начин на подготовка, но првенствено со тоа што е здрав и многу вкусен.

 

Состојки:

– 300-400 гр мешано суво овошје и јаткасти плодови (на пример, суво грозје, суви сливи, сува брусница, смокви, ореви, бадеми)

– 2 јајца

– 6 лажици кафеав шеќер

– 6 лажици брашно

– половина лажица прашок за печиво

Подготовка:

Исецкајте го сувото овошје на мали парчиња и помешајте ги заедно со исецканите јаткасти плодови.

Изматете ги јајцата и додадете им го сувото овошје и јаткастите плодови. Додадете шеќер, брашно и прашок за печиво. Добро промешајте.

Премачкајте го плехот со путер и во него ставете ја смесата. Печете го колачот 45 минути во загреана рерна на 180 степени.

 

Слични објави

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....