17.8 C
Скопје
13:04 - 25 март, 2026

Вилијамс: Јапонците се хранат најздраво, а Италијанците најлошо

Нутриционистот Џорџ Хамлин Вилијамс ги проучувал прехранбените навики ширум светот и ја открил тајната на здравата исхрана.

Со оглед на тоа што стапката на луѓе со прекумерна тежина во Велика Британија е десетпати поголема отколку во земјите како Кина и Јапонија, на пример, Вилијамс почнал да ги истражува нивните прехранбени навики за да види што прават тие поинаку.

Истовремено тој ги анализирал и лошите навики на некои земји.

Според него едно од најздравите менија има Кина. Иако јадат седум порции овошје и зеленчук на ден, што е повеќе од препорачаната доза, нутриционистот смета дека тоа не може да биде лошо за здравјето.

„Со таа доза дефинитивно ќе имате енергија за цел ден и ќе се чувствувате сито“, вели тој.

Како лоша навика кај Кинезите го истакнува додавањето премногу сол.

„Во кинеската кујна има храна како сос од соја и во него има неверојатно висок процент на сол. Тоа може да предизвика мозочни удар, срцев удар и болести на бубрезите“, додал нутриционистот.

Вилијамс ги пофалил Јапонците и насоките на нивните нутриционисти.

Што се однесува до лошите навики, ја истакнал Италија. Нивната исхрана изобилува со јаглени хидрати, а просечниот Италијанец јаде 2-3 порции леб дневно.

„Тоа е премногу, бидејќи често станува збор за бел леб. Добра замена е интегралното брашно. Освен тоа, Италијаните тврдат дека е здраво да се изеде еден кекс дневно. Се обидуваат да ја ограничат консумацијата на слатки десерти, но нивните насоки се нејасни бидејќи некои од кексите се прекриени со дополнителен шеќер и со чоколадо.

Во врска со грчката исхрана, исто така бил внимателен.

„Маслото може да биде здраво, но поради подготовката тоа може да варира. Многу луѓе не ги следат рецептите, па претеруваат со маслата, што е погрешно“, истакнал нутриционистот.

 

Слични објави

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Во пресрет на Младенци: Тајната на совршените „младенчиња“ – зошто се прават со мед и каква симболика носат?

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо
Се вчитува....