13:23 - 3 април, 2026

Три грешки што често ги правиме кога е појадокот во прашање

Појадокот дефинитивно е најважниот оброк во текот на денот, но многумина сепак прават грешки без воопшто да бидат свесни за тоа.

Нутриционистите забележале неколку заеднички навики кај луѓето кои редовно јадат појадок само затоа што така треба, без притоа да внимаваат да не прават грешки.

Еве што треба да знаете за појадокот и за намирниците што ги јадете, но и како да придонесете за губење на вишокот килограми и одржување на линијата:

1. Слушајте го своето тело

Ова значи дека не треба по секоја цена да јадете наутро ако не сте гладни, туку дека можете да почекате уште 1-2 часа. Најчесто, доколку се будите меѓу 7 и 8 часот наутро, глад ќе почувствувате дури по 9 часот, кога телото само ќе сигнализира дека му е потребен појадок.

2. Не проценувајте ја количината „од око“

Нашите очи често се „погладни“ од телото, па се случува да изедеме појадок кој „тежи“ повеќе од 600 калории без да внесеме ништо хранливо. Многу е важно, доколку броите калории, појадокот да не надминува 400-500 калории, па затоа е добро да изберете хранливи продукти, наместо таканаречените празни, кои содржат големи количини јаглехидрати, но не и протеини и минерали.

3. Не јадете житарици за појадок

Можеби се најлесниот и највкусниот појадок, но се преполни со шеќер, а содржат премалку протеини и растителни влакна. Затоа, подобро е за појадок да изедете парче леб со цели зрна, јајца, неколку парчиња зеленчук, или пак смути од овошје збогатено со чиа или ленено семе.

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо
Се вчитува....