13:32 - 8 април, 2026

Совршени крцкави грицки: Поховани печурки (РЕЦЕПТ)

Нема да му одолеете на вкусот на ова интересно предјадење…

Состојки:

– 500 гр свежи шампињони
– 100 грама брашно
– 2 јајца
– 50 грама сусам
– 100 мл млеко
– масло
– сол
– мелен црн бибер

Состојки за тартар сос:

2 кисели краставички
100 грама мајонез

Подготовка:

Изматете ги јајцата, млекото и брашното за да добиете малку погуста смеса (како за палачинки). Посолете. Печурките извалкајте ги во оваа смеса, па во сусам и пржете ги на загреано масло. Печурките вадете ги на хартиен брисач.

Подготовка на тартар сос:

2-3 краставички изрендајте ги, додадете две големи лажици мајонез и две лажици од водата од киселите краставички. Наместо оваа вода може да користите и бело вино.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....