11:16 - 31 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ СОЛЕН РОЛАТ СО СПАНАЌ, ФИЛ ОД КРЕМ СИРЕЊЕ, ПАВЛАКА И КУЛЕН: Попајот не е само за имендени!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСНИ МАФИНИ СО АЈВАР: Совршена ужинка за денес, или појадок за утре!

Денес Мартина ни направи солен ролат со спанаќ и фил од крем сирење, павлака и кулен.

Потребни состојки:

За кора: 

  • 100-150 гр спанаќ
  • 4 јајца
  • 4 лажици полни брашно
  • 1 лажичка сол

За фил: 

  • 200 гр кулен
  • 200 гр павлака
  • 2 лажици крем сирење/урда
  • 2 лажици мајонез
  • зачини

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Најпрво направете ја кората.Разделете ги белките од жолчките Белките со солта изматете ги со миксер да добиете пена Во меѓувреме доколку користите замрзнат спанаќ ставете го во тава со малку водичка дури не се одмрзне, па убаво изгмечете го или изблендирајте го. Во изматените белки додадете ги жолчките, спанаќот и брашното и измешајте убаво со лажица. Смесата префрлете ја на хартија за печење и со лажица распоредете ја. Јас не ја распоредив низ цел плех за да не ми дојде многу тенка(видете слика) Печете во загреана рерна на 180 С околу 15 минути. Откако ќе ја извадите кората веднаш завиткајте ја во ролат со се хартијата за печење со крпа и оставете ја дури го спремате филот да се излади.

За филот само измешајте ги сите состојки заедно со сецканиот кулен. Јас додадов и малце оригано и буковец. Ладната кора премачкајте ја со филот, завиткајте ја и оставете ја во фрижидер најмалце 30-40 минути.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ БЛАГИ ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА: Уживајте во нив со сладолед, слатко или нешто сосема трето!

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....