11.8 C
Скопје
13:50 - 27 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПИЛЕШКО ВО СОС СО ЗЕЛЕНЧУК: Совршен ручек за денес

мартина трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи сочно пилешко со мнооогу зеленчук во преубав сос. Нешто кое навистина мора да го направите уште денес за ручек!

Мартина Трајаноска
Мартина/Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 300 гр пилешко
  • 1/2 тиквица
  • брокула
  • мешан зеленчук

За сос:

  • 2 лажици масло
  • 2 лажици брашно
  • 2 шолји млеко

За маринирање на месото:

  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја вода
  • зачини

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Пилешкото исечете го на мали парчиња и маринирајте го со шолја јогурт, шолја вода и зачини. Оставете го преку ноќ или најмалце 2 часа. Зачини кои ги користев за маринадата, па потоа и во текот на готвењето: сол, бибер, мешан сув зеленчук, тако зачин, кари, буковец, сув магдонос. Ставете го пилешкото на тава со малку масло и кратко пропржете го. Потоа додадете околу 1 шолја од маринадата и оставете да прокрчка. Додадете пола исецкана тиквица на мали коцки и пропржете. Може да додадете неколку лажици од маринадата. Потоа тргнете го настрана месото со тиквицата, додадете 2 лажици масло и 2 лажици брашно, промешајте, па додадете 2 шолји млеко. Измешајте и додадете го останатиот зеленчук, во мојот случај брокула и мешан зеленчук(грашок, морков, пченка). Оставете да повари околу 5/10 минутки.

Може да сервирате со печен компир, тостирано лепче, мнооогуу салата или се што ви душа сака. Јас дури јадам и само од него. Толку е убаво и сочно пилешкото и толку убаво се вклопува зеленчукот со сосот… ќе се изненадите колку е највкусно.

На здравје!

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....