10.8 C
Скопје
14:52 - 27 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пред нас се многу студени утра, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи променливо облачно и уште посвежо време со услови за локален краткотраен дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

–Од четврток ќе имаме целосно стабилизирање на времето, додека наутро ќе биде доста студено кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до 0 степени. Максималните пак до четврток ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, а од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, вели Попоски.

Слични објави

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.
Се вчитува....