20:45 - 16 ноември, 2026

Кои се најбогатите семејства во светот во 2021 година?

Дали некогаш сте се запрашале кои се најбогатите семејства во светот? Листата вклучува семејства од различни делови на светот кои се ангажирани на различни работни места, пренесува „Bloomberg“.

Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, и беше истакнато дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето низ целиот свет и тешко е да се следи.

Првото место му припадна на семејството Волтон, чие богатство се проценува на 238,2 милијарди долари. Тие се сопственици на малопродажниот синџир „Walmart“.

На второ место е семејството Марс, кое го поседува истоимениот бренд за слатки. Нивното богатство се проценува на 141,9 милијарди долари.

Потоа следува семејството Кох, чие богатство се проценува на 124,4 милијарди долари и кое е сопственик на истоимената нафтена компанија.

На четврто место е семејството Хермес, кое го поседува истоимениот бренд. Нивното богатство изнесува 111,6 милијарди долари.

По нив следува Сауд, кое владее со Саудиска Арабија, а нивното богатство се проценува на 100 милијарди долари.

Семејството Амбани е на шестото место со богатство од 93,7 милиони долари. Тие го поседуваат конгломератот „Reliance“.

По нив следува семејството Вертајмер, кое е сопственик на брендот „Chanel“. Имаат богатство од 61,8 милијарди долари.

Семејството Џонсон е на осмото место со богатство од 61,2 милијарди долари. Тие се во сопственост на финансиската компанија „Fidelity Investments“.

Потоа следува семејството Томсон, кое е во сопственост на медиумската корпорација „Reuters“. Нивното богатство се проценува на околу 61,1 милијарда долари.

На десетто место е семејството Борингер, кое е сопственик на фармацевтската компанија „Boehringer Inglelheim“. Нивното богатство се проценува на 59,2 милијарди долари.

Остатокот од листата на најбогатите семејства можете да го видите овде .

Слични објави

(Фото) Стаклен ѕид ја поврзува спалната соба со бањата: Огњен Амиџиќ вложил 100.000 евра во реновирање, а Мина добила гардеробер од соништата

Еспресо

(Видео) „Ти благодарам брату по Христа“ — Никола Роквиќ му оддаде почит на Тоше Проески во Крушево

К.С.

Ѓина Џиновиќ го покажа својот нов дом: вилата во Сењак ја замени со стан во Шпанија

Еспресо

„Мислев дека е обичен плускавец, а завршив на операција и ми ампутираа два прста“: Игор Филевски – Филе ја раскажа здравствената драма низ која поминал

Еспресо

(Фото) Нина Сеничар ги воодушеви сите на свеченоста во Лос Анџелес: Српската убавица се појави со сопругот, холивудската ѕвезда Џеј Елис

apostolova

Лила Филиповска: Немам кому да се докажувам, мојот мир ми е поважен од туѓото мислење

Еспресо
Се вчитува....