15:02 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ИНТЕГРАЛНА ПРОЈА СО СИРЕЊЕ: Ем здраво, ем вкусно – за добар почеток на неделата

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Мартина Трајаноска
Фото: Приватна архива

 

Потребни состојки:

  • 1 пециво
  • 1 шолја вода
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја интегрално брашно
  • 1 шолја бело брашно
  • 1/2 шолја масло
  • 100/150 гр сирење
  • сол/семки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Вкусно, брзо и лесно, а воедно супер здраво и мнооогу многу заситува. Измешајте ги течните, па сувите состојки и додадете го сирењето. Обложете плехче(бр.26) со хартија за печење и префрлете ја смесата. Наросете семки по избор и печете во загреана рерна на 180 С околу 20/30 минути.

Добар апетит!

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....