21:11 - 9 април, 2026

Пролетна исхрана за подмладување на кожата

Пролетта е период од годината кога пазарите изобилуваат со свежи овошја и зеленчуци кои се полни со витамини и минерали кои ја обновуваат нашата кожа по ладното време и помагаат да блеска со здрав сјај.

Во текот на пролетта и на прагот на летото, збогатете ја вашата исхрана со следниве намирници:

1. Моркови

Бета-каротенот од морковите ја заштитува кожата од сончевите зрачења, но и од слободните радикали, кои можат да бидат причини за раната појава на брчки. Него го има и во тиквата и слаткиот компир.

2. Спанаќ

Зеленчуци кои содржат најмногу витамин Ц се листестите зеленчуци, како блитвата и спанаќот. Тие исто така имаат антиоксидативен ефект. Доколку редовно имате спанаќ во неделното мени, го подобрувате природниот процес на создавање колаген, со што вашата кожа станува поеластична.

3. Домат

Благопријатното дејство на доматите врз здравјето се должи на ликопенот, кој ги намалува ризиците за срцеви болести и мозочен удар. Ликопенот исто така е тип на каротеноид и ефикасно ја штити кожата од влијанијата на сончевите зраци. Комбинирајте ги доматите со маслиново масло, за ликопенот подобро да се апсорбира во вашето тело.

4. Боровинки

Боровинките се богати со витамин Ц и Е, но и со многу антиоксиданти, кои дејствуваат врз оштетувањата кои доаѓаат од слободните радикали. Исто така, можат и да ги осветлат дамките на кожата.

Слични објави

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....