18:57 - 7 ноември, 2026

(Фото) Водителката Марија се огласи од Словенија со посебен повод за среќа

Водителката Марија Петровска која живее во Словенија објави емотивни фотографии на социјалните мрежи со посебен повод.

Нејзиниот син Домен наполни три години, а Марија на Инстаграм напиша: „И едноставно така, моето мало момче не е веќе така мало“. На сликите се нејзините родители кои дошле од Македонија за роденденот на внукот, сопругот, а Марија ја покажа и тортата и роденденските украси дома.

Водителката на естрадниот магазин „Бекстејџ“ пред повеќе години од Македонија поради љубов се пресели во Словенија, и сега живее во Марибор.

Фото/Инстаграм

 

МАрија Таа и нејзиниот партнер Михаел Сказа на 31 март во 2023 година станаа родители на Домен.
Во една прилика, Марија за „Слободен печат“ рече дека таа и Михаел кој е стоматолог по професија засега не планираат венчавка, затоа што за нивната љубов која со години опстојувала прво на далечина, а сега и како родители, не е потребен потпис во матично како доказ.

„Солзи, емоции, збунетост, среќа и бесконечна љубов на прв поглед. Иако, да бидеме реални, јас се вљубив во него 9 месеци пред да го видам, уште кога првпат видов плус на тестот за бременост“, раскажа шармантната тетовчанка за „Слободен печат“.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....