-0.2 C
Скопје
18:53 - 22 декември, 2024

Превкусна и сочна лазања

Нешто што можеби одамна не сте јаделе е една добра и превкусна лазања. Ако сте љубител на лазања, овој рецепт не треба да го пропуштите. За да го подготвите ова прекрасно јадење, потребни ви се следните состојки.

Состојки:

  • Кори за лазања
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • Половина рендан кромид (голем)
  • 1 рендан морков (голем)
  • 1 чешле лук (ситно сечкано)
  • Оригано по вкус
  • 500 грама мелено месо
  • 1 супена лажица сос од домати
  • Зачини по вкус ( Вегета, рузмарин, босилек)
  • 1 ловоров лист
  • 2 супени лажици црвено вино
  • Околу 300 грама домати (ситно сечкани)
  • 50 милилитри млеко
  • Сол и бибер

Состојки за сос со кашкавал:

  • 25 грама путер
  • 25 грама брашно
  • 300 милилитри млеко
  • 100 грама рендан кашкавал (по вкус можете и повеќе)

Начин на подготовка:

Пред да почнете со подготовка на лазањата, загрејте ја рерната на 220 степени.

Во посебна голема тава загрејте го маслото. Штом маслото ќе се загрее, додадете ги кромидот, морковот и лукот. Веднаш штом ќе омекнат, зачините и мешајте. Сега е време за меленото месо. Додадете го во тавата на оган.

Мешајте го месото додека не почне да се двои и додадете го сосот од доматите. Постојано мешајте. Веднаш штом месото ќе стане кафено намалете го оганот на шпоретот за да не го изгорите месото.

Сипете вино во тавата и дозволете му на месото да се готви во алкохолот. После неколку минути додадете ги сечканите свежи домати. Оставете смесата да се готви неколку минути и сипете 50 милилитри млеко. Штом го ставите млекото, тргнете ја тавата на страна.

Сега е време за сосот. Во посебна длабока тава стопете го путерот. Додадете брашно и мешајте додека се оформи смеса. Намалете го оганот и сипете третина од останатото млеко. Постојано мешајте за да не се создадат грутки.

Полека додавајте го останатиот дел од млекото. Продолжете со мешање. Посолете по вкус. Гответе го сосот неколку минути. На крај, додадете го кашкавалот. Тргнете ја тавата од оган.

Сега сте спремни да ја редите лазањата. Започнете со месото. Во тава за печење посипете прво една полна лажица сос од месото. Покријте ја цела тава. Ставете еден ред кори па сосот со кашкавал, па сос од месо, кори и сос со кашкавал.

Повторете ја истата постапка додека не ја потрошите целата смеса. На крајот, зачинете ја лазањата со оригано. Оваа лазања се пече за половина час или додека горниот дел добие златеста боја. На здравје!

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....