14.8 C
Скопје
09:37 - 28 септември, 2026

Предлог за ручек: Полнети компири

СОСТОЈКИ:
– 1 кг компири
– 500 г мелено месо
– 200 г доматен сос
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 100 г кашкавал
– зачин по желба

ПОДГОТОВКА:
Компирите убаво измијте ги и пресечете ги на половина. Издлабете им ја внатрешноста, но не ја фрлајте и потопете ги во ладна вода. Во тава со малку масло ставете ги исечканиот кромид и морков и пропржете ги, па додајте им го меленото месо и убаво промешајте. Зачинете, па во месото додајте ја внатрешноста од компирите и доматниот сос, па убаво измешајте. Со ова наполнете ги компирите, наредете ги во тавче и испечете ги во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 40 минути. Пред крај на печењето посипете ги компирите со рендан кашкавал и оставете да се допече додека се стопи кашкавалот.

Пријатен ручек

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....