36.8 C
Скопје
18:13 - 28 август, 2026

Финците ја инсталираа првата „песочна батерија“ за евтино далечинско греење

Научници во Финска ја создадоа и инсталираа првата функционална „песочна батерија“ во светот, уред способен да складира обновлива, зелена енергија со месеци и, потенцијално, да го реши проблемот со енергијата во различни периоди од годината. Кога цените на енергијата се повисоки, батеријата испушта топол воздух што ја загрева водата за парното греење, која потоа се пумпа во домовите, канцелариите, па дури и во локалниот базен, пренесува Фена.

„Песочната батерија“ работи така што се полни со евтина струја од ветерни и сончеви електрани, ја складира добиената енергија во песок и потоа таа може да се користи за греење на куќите зиме. За тоа, песочната батерија користи околу 100 тони обичен градежен песок, што се чува во посебна кутија за склад. Вакви „батерии“ за складирање зелена енергија, и досега постоеја, но, тие беа од литиум, што ги прави скапи и економски и еколошки неделотворни, бидејќи складираат само ограничена количина електрична енергија. Истражувачите околу оваа иновација забележуваат дека батеријата ѝ е особено потребна на Финска, којашто има поголема заедничка граница со Русија и во мигов е погодена од недостиг на гас и електрична енергија. Москва го прекина снабдувањето со енергетски ресурси кон оваа европска држава, откако Хелсинки поднесе барање за членство во НАТО.

Слични објави

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо

Голем Град – мистичниот остров на Преспанското Езеро со илјадагодишни фои, пеликани и траги од минатото

Т.Ц.
Се вчитува....