4.8 C
Скопје
17:08 - 25 декември, 2024

Израдувајте ги денес домашните – Цимет штрудли со смокви

Состојки:

300 грама брашно

170 грама маргарин што претходно бил на собна температура

100 грама шеќер

50 грама мед

1 лажичка сода-бикарбона

малку сол

малку цимет

кора од лимон или портокал

2 лажички екстракт од ванила

4 жолчки

Полнење:

400 грам суви смокви

80 грама пире од јаболка

50 грама мед

малку цимет

Подготовка:

Во поголем сад ставете ги омекнатиот маргарин, шеќерот и медот, ренданата кора од лимонот или портокалот (по ваша желба), солта, циметот и екстрактот од ванила. Сите состојки убаво измешајте ги со миксер за да можат убаво да се соединат. Потоа, во убаво изматената смеса една по една додавајте ги жолчките и постојано мешајте додека сите жолчки убаво не се соединат со претходно подготвената смеса.

Сега ставете го брашното што претходно убаво сте го просеале заедно со сода-бикарбона. Додека го ставате брашното во другите состојки, внимателно мешајте со миксер, но на најмала брзина. Кога ќе го ставите целото брашно, тогаш исклучете го миксерот и почнете да ја подготвувате смесата со дрвена лажица. Потребно е најмалку две-три минути да ја мешате смесата со лажицата за да се соедини убаво.

Тестото кое ќе го добиете треба да биде многу меко и затоа нема да треба да додавате повеќе брашно.

Вака подготвеното тесто, поделете го на четири еднакви делови, а секое делче со помош на стреч фолија или со хартија за печење и сукало, нежно исукајте ги на што е можно поголема коричка.

Коричките ставете ги во стреч фолија и оставете ги да отстојат и убаво да се изладат во фрижидер најмалку два часа.

Додека чекате да помине потребното време за разладување на тестото, почнете со подготовка на филот. Во сад ставете ги исечканите суви смокви, медот и пирето од јаболка и убаво со рачен миксер изметете ја целата смеса.

Потоа ставете ја вака добиената смеса во вреќичка за украсување за да можете полесно да ги филувате штрудлите.

Сега извадете го тестото од фрижидер и исечете го на соодветни лентички односно тие треба да бидат дебели 2 милиметри, а долги и широки 8 сантиметри.

Потоа во должината на секоја штрудличка ставете со помош на шприцот по малку од претходно подготвениот фил. Преклопете го едниот крај на тестото со другиот и формирајте штрудла.

Повторувајте ја постапката додека не се потроши целото тесто и целиот фил.

Подготвените штрудлички ставете ги да отстојат во фрижидер околу 1 час.

По истекот на времето поминато во фрижидер, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 12 минути.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....