13.8 C
Скопје
15:26 - 18 декември, 2024

Идеални кога сакате брз оброк: Брзи и сочни пица мафини

Сакате да подготвите нешто брзо и вкусно, а немате идеја? Ние имаме еден сосема обичен рецепт за домашни пица мафини, кој откако ќе го пробате, веруваме дека постојано ќе го подготвувате.

Овој рецепт може да го подготвите за појадок, за ручек или вечера, за вашите гости, буквално во секоја прилика кога ви е потребно брзо и вкусно решение.

Состојки за тестото: 300 гр брашно, 180 мл млака вода, 1 кесичка сув квасец, лажичка шеќер, лажичка брашно, две лажици топло млеко, пола лажичка сол, 2 лажици масло.

Состојки за филот: 200 мл сок од домати, 300 гр моцарела, 50 гр пармезан, 1 лажица оригано, прстофат сол, 1 лажица масло, 150 гр пршута или шунка.

Подготовка: Квасецот растворете го во топлото млеко со шеќерот и лажицата брашно и оставете го да надојде. Во сад помешајте го брашното, солта и маслото, па додадете го надојдениот квасец и водата. Замесете меко тесто, премачкајте го со масло, покријте го со крпа и оставете го да отстои најмалку 30 минути.

За филот измешајте го сокот од домати, маслото, солта и ориганото. Моцарелата исецкајте ја и помешајте ја со претходната смеса и додадете ја ситно сецканата пршута или шунка.

Истегнете го тестото, па со чаша вадете кругови во склад со вашите калапи за мафини. Калапите подмачкајте ги, па во нив ставете ги топчињата тесто и врз нив ставете го филот. Одозгора посипете со рендан пармезан, па печете на 200 степени 15-20 минути.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....