6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Вака се подготвува оригинална италијанска карбонара

Карбонарата приготвена по оригинален рецепт има кремаста структура и незаборавен вкус. Најважно од сè, подготовката не одзема многу време.

Потребни состојки се:

500 гр шпагети
200 гр месната сланина
2 јајца + една жолчка
Сол и бибер
Рендан пармезан

Подготовка:

Во зовриена вода ставете 10 гр сол и сипете ги шпагетите да се сварат.

Настрана на масло пропржете ја сецканата сланина. Во друг сад изматете ги јајцата и додадете ги пармезанот и зачините.

Откако парчињата сланина ќе заруменат, претурете ги шпагетите во тавата и мешајте. Врз топлите шпагети додадете ја смесата со јајца и мешајте. Важно е јајцата да останат сочни и меки. Сервирајте со пармезан.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....