06:28 - 7 април, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Куба, Јамајка и Мјанмар

појадок храна куба мјанмар јамајка

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Куба

Тостада и кафе со млеко

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tesa (@princesspiglet70)

Тостада едноставно се однесува на исечен и испечен леб, намачкан путер и е една од компонентите што го сочинуваат кубанскиот појадок. Другиот суштински дел е, се разбира, „café con leche“ или кафе со млеко, кое типично е многу, многу слатко, млечно и пенливо – фантастичен начин да го започнете денот.

Јамајка

Аки и солена риба

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamaica Incredibles (@jaincredibles)

„Аки и солена риба“ е национално јадење на Јамајка и аки – овошје кое припаѓа на истото семејство како и овошјето личи – исто така е национално овошје на Јамајка. За да се подготви јадењето, солената риба (бакалар) се готви со варено аки (често се користи конзервирано аки), кромид, пиперки, домати и зачини и најчесто се служи со и пржени зелени банани.

Мјанмар

Мохинга

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boo Lee (@boo_licious)

Многумина сметаат дека мохинга е национално јадење на Мјанмар. Станува збор за супа направена од речен сом, вермичели тестенини, стебла од банана, лимонска трева, кромид, лук, ѓумбир, паста од риба и сос од риба и украсена со сок од лимета, коријандер, млад кромид и сушено чили, оваа супа е баланс на слатки, кисели, солени и лути вкусови.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....