18.1 C
Скопје
05:59 - 7 јуни, 2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 СЕПТЕМВРИ: Размислете за вашите постапки

хороскоп зодијак

Овен

Ако се обидувате да доминирате во врската, нема да успеете. Рамноправната соработка и договарањето се подобра опција. Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор, но вие нема најдобро да го прифатите, зашто има детали кои не ви одат во прилог. Се мачите околу еден деловен проект.

Бик

Вашата чувствителност денес ќе биде зголемена, а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта. Малку ќе недостасува за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него. Не смеете да ја покажувате вашата нетрпеливост кон надредениот.

Близнаци

На љубовно поле, ќе успеете да се договорите за повеќето работи, благодарение на разбраниот пристап од двете страни. На професионално поле, ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Вие умеете да пристапите со вашите идеи на вистински начин. Затоа и ве почитуваат.

Рак

На професионално поле, некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто – од неморални понуди до морализирање и филозофирање. Во љубовната врска, ги имате сите адути во вашите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце. Партнерот ќе биде восхитен од вас.

Лав

Кога станува збор за деловни контакти и договори, ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. А, што се однесува до љубовта, тука сакате да бидете на чисто, и тоа веднаш. Скриено или отворено, вие ќе настојувате да дојдете до љубов. Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе, на кои секогаш можете да сметате.

Девица

Во претходниот период имавте многу проблеми, но сепак успеавте сите да ги решите навреме. Затоа, не дозволувајте ѝ на депресијата целосно да ве обземе, мора да излезете од тој негативен круг. Можни се многу нови пресврти на сите полиња, кои ќе ви ги тргнат црните мисли.

Вага

Веќе извесно време притисокот од претпоставените не се намалува, а вие сте веќе без сила. Издржете уште малку, на повидок се промени што ќе ви одат во прилог. Очекувајте посета од неочекувана личност или барем телефонски повик. Ќе бидете шокирани и од неа и од она што ќе ви го соопшти.

Скорпија

Влегувате во период кој ќе биде исполнет со монотонија. Обидете се да ја разбиете летаргичноста и незаинтересираноста во врската. Некој ваш близок ве лаже за неговите постапки. Сакате да отпатувате и да се оддалечите од проблемите, но во моментот тоа не можете да го реализирате.

Стрелец

На работното место ќе бидете многу продуктивни и ќе размислувате за следниот ваш чекор. Од колегите ќе слушнете корисни вести. Во љубовта нештата се одлични. Ќе ги научите лекциите од минатото и лесно ќе ги примените во сегашната ситуација. Денес љубовта и емотивните односи ќе ви бидат најважни.

Јарец

Ќе бидете активни во создавање контакти, па доколку сте осамени, би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак, кога ќе пресметате, нема зошто да сте незадоволни.

Водолија

Сѐ уште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. Ако ги почитувате другите и тие ќе ви возвратат со почит. Стравот и несигурноста што понекогаш ги чувствувате се последица на вашето его. Размислете за вашите постапки.

Риби

Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Истовремено, малку повеќе ќе се занимаваат со прашањето за инвестирања. Љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого.

Слични објави

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.
Се вчитува....