22:11 - 31 октомври, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Израел, Шпанија и Тунис?

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Израел

Шакшука

Во Израел, покарактеристично е јадењето појадок заедно, отколку самата храна. Заедничкиот стил на јадење произлегува од колективните земјоделски заедници; поединци кои живееле заедно во кибуц ги споделувале сите предмети и јаделе заедно во заедничка трпезарија – што се сметало за многу важен дел од заедничкиот начин на живот. Шакшука е јадење со јајца испечени во сос од домати, со вкус на кромид, чили, ким, црвен пипер, сол и бибер.

Шпанија

Чурос со сос од чоколадо

Во Шпанија, совршениот појадок е едноставен и вкусен, честопати составен од чурос – кои се во основа долги ленти од тесто кои се пржат и се натопуваат во дебел чоколаден сос. Автентичните чуроси се всушност крофнички напрашени со шеќер во прав.

Тунис

Лаблани

View this post on Instagram

A post shared by Olivity (@olivityinstagram)

дес

Лаблани – супа од наут направена со кромид, лук, ким и паста од хариса, е главен појадок што многумина го сакаат во Тунис. Често се служи со испечени јајца и со додатоци како каперси, маслинки, ким и билки.

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....