11.8 C
Скопје
19:50 - 3 април, 2026

Домашен кремаст бурек со павлака, праз и месо: Како да го подготвите?

За време на празниците и викендите имаме повеќе слободно време да поминеме со семејството, а притоа и да ги изненадиме со некој вкусен рецепт. Познати сме како уживатели на бурек, но ајде овој пат да подготвиме нешто што е инспирано од традиционалниот рецепт, но со побогат и поинтензивен вкус.

СОСТОЈКИ:
– 4 јајца
– 250 г мелено месо
– 1 праз
– 160 г павлака
– 6 лажици гриз
– 6 лажици брашно
– прашок за печиво
– 50 мл масло
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
Празот исечкајте го на кругови и пропржете го на маслото. Додајте го меленото месо, зачинете и пржете додека испари водата. Потоа оставете да се излади.
Јајцата изматете ги, додајте им го брашното измешано со гризот и прашокот за печиво. Во тоа додајте го меленото месо, павлаката и добро измешајте. Смесата префрлете ја во плех и печете половина час на 200 степени.

Почекајте малку да се излади, апотоа може да сервирате. Оставете и некое парче за утрешниот работен ден како совршена ужинка.

Добар апетит!

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо
Се вчитува....