-0.2 C
Скопје
18:51 - 22 декември, 2024

Диета која ќе ве ПОДМЛАДИ седум години: Со неа и мозокот ќе ви работи подобро

Сигурно веќе сте забележале дека одредени видови храна ве прават посреќни додека ги јадете. За жал, тие намирници не се секогаш најздравиот избор.

Всушност, парчето чоколадо или порцијата помфрит ви носат моментална среќа. Сепак, постои начин тоа чувство на среќа да остане во токот на целиот ден, благодарение на диетата популарно наречена MIND, која гарантира побрза работа на мозокот и подмладување за седум години.

На самиот почеток е важно да направите разлика помеѓу моменталното задоволство после изеденото колаче и позитивните влијанија на долгорочните здрави навики.

Диетата MIND е верзија на медитеранската исхрана и се поврзува со подобрување на општото здравје, но и со подоброто расположение, намалениот ризик за депресија и одржување на когнитивните способности. Клучот е во здравата комбинација на зеленчук, овошје, мешунки, јатки, интегрални житарици, маслиново масло и немасни протеини. За MIND-диетата е типично тоа што покрај класичните начела на медитеранската исхрана, вклучува и дополнителен акцент на консумирање шумски овошја, листест зеленчук и јатки.

Според едно истражување, оние кои ја практикуваат оваа исхрана имаат и до 53% намален ризик од Алцхајмерова болест, подобрени когнитивни функции и подобар имунитет.

Во оваа диета нема одредени супернамирници кои се строго задолжителни, но во чинијата секако би требало да имате риба, особено лосос, кој е богат со витамин Б-12 и омега-3 масни киселини. Пробиотиците се препорачливи за варењето да биде што полесно.

Од листестиот зеленчук земајте спанаќ и блитва, а може и коприви. Додадете и семки и јатки, како што се семките од тиква, бразилски ореви и леблебија.

Боровинките се полни со флавониди и помагаат во зачувување на т.н. младост на мозокот. Ако сте во можност, консумирајте остриги, бидејќи се богати со цинк.

Пијте какао или јадете темно чоколадо, а за ужина можете да јадете пуканки подготвени од зрна пченка, а избегнувајте ги оние за во микробранова печка, бидејќи се полни со сол и масти.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....