15:02 - 6 април, 2026

БОЗА – традиционален пијалак за спас од горештините

Бозата е популарен ферментиран пијалак кој е специфичен за просторот на Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Казахстан, Кавказ и Узбекистан. Некогаш овпј здрав напиток можел да се купи скоро во секоја слаткарница.

Бозата првпат е направена во Турција, а на Балканот се појавила со доаѓањето на Османлиите, кои боза им служеле на војниците за полесно да ги поднесуваат високите температури. До 16 век бозата се пиела во неограничени количини, но кога Турците смислиле алкохолна „тартар боза“, султанот Селим Втори вовел прохибиција, а во 17 век султанот Мехмед Четврти ги забранил сите алкохолни пијалаци и ги затворил сите продавници во кои се продавала боза.

Бозата освен што делува освежително, е и исклулително здрава. Содржи големи количини витамин Б (Б1, Б2, Б3, Б6 и Б 12), витамините А и Е, како и железо. Освен тоа, има состојки кои се добри за варењето, го намалува високиот крвен притисок, решава уролошки проблеми и ја филтрира крвта.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....