01:33 - 2 април, 2026

БЕЗ МАНА со АНА: Сиров Вегански Чизкејк со ЛИМОН (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот, за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години и за кулинарството има и диплома, а од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Преку претходниот видео-рецепт имавме можност да научиме како да направиме супер брзи и вкусни енергетски колачиња од ф’стаци и брусница. Оваа недела, учиме како да направиме можеби еден од највкусните рецепти од цел овој серијал: сиров вегански чизкејк со лимон! Кога ќе го пробате овој чизкејк, ВИ ГАРАНТИРАМЕ дека ЌЕ ЗАБОРАВИТЕ на сите претходни што сте ги пробале! Неодоливо вкусен и кремаст, вегански, и најбитно, добар за нашето здравје! Доколку постите, ви препорачуваме да се насладите со овој фантастичен рецепт. Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот!

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....