23.8 C
Скопје
16:12 - 28 септември, 2026

Д-Р РИСТОВСКИ: Бев лице со посебни потреби, знам што значи подадена рака

Доктор Кристијан Ристовски е чичкото со златно срце, бесплатно им поправа заби на децата со посебни потреби.

Неговата ординација се наоѓа во скопско Бардовци, отворена е за секого кому му е потребна помош, посебно на оние кон кои треба да се пристапи поинаку. Доктор Кристијан Ристовски едноставно другарува со децата со посебни потреби, разговара со нив, пие сок, игра игри, затоа тие го доживуваат како другар, пријател, близок човек. Некои го нарекуваат чичко доктор, други, пак, го викаат бато, батко доктор…

приватна архива

– Децата со попреченост се приказна полна со љубов – вели д-р Ристовски – ниедна ситуација во животот не е безизлезна. Љубовта кон дефектолошката стоматологија се јави кај мене уште од школските денови. Во основно одделение имав прилика да делам клупа со лице со даунов синдром, се викаше Димитар. Тие мигови сватив дека можам да остварам добра комуникација со тие лица – ни раскажа д-р Ристовски.

Кристијан на 17-годишна возраст имал тешка сообраќајна несреќа. Поради тешките повреди, бил во кома, а кога се разбудил, имал целосна амнезија, го загубил говорот…

– Две недели бев во кома, а 98% од лекарските прогнози беа дека нема да се разбудам. Кога се разбудив, не знаев да зборувам, пелтечев. Тогаш не можев да ги извршувам обврските кои што моите соученици ги правеа со леснотија. Технички тоа ме направи лице со попреченост. Се најдов на нивната страна, го согледав светот од нивна перспектива, тогаш вистински почувствував како е да се биде и како да им се помогне на лицата со посебни потреби – вели д-р Кристијан.

Имал среќа да се најде во опкружување кое му пружило голема поддршка, помош и разбирање.

– И наставниците и другарчињата ми помагаа со учење, со книгите, со задачите. Кога во училиште ми се слошуваше, кога не можев нешто сам да направам, сите беа тука… Ниту еден од нив никогаш не ми се потсмеваше, ниту се шегуваше на сметка на мојата здравствена состојба. Сепак при една таква повреда на главата се доживува ретроградна амнезија и ми беше потребно многу повеќе да вложам за да постигнам се – се сеќава добриот доктор.

Стоматолошките интервенции кај децата со попреченост знаат да бидат комплицирана работа, затоа работата со тие деца започнува многу поинаку.

– Прво разговараме со родителите, потоа се запознаваме, пиеме сок, си играме, цртаме, се спријателуваме. За тие деца важно е да знаат дека јас не сакам да ги повредам, туку да му помогнам. Најмногу се плашат од болката и ако веднаш се јави страв и отпор кај нив, тие го задржуваат за цел живот – ни објасни докторот кому не му е важно дали детето има или не здравствено осигурување.

приватна архива
приватна архива

 

Слични објави

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.
Се вчитува....