19.8 C
Скопје
16:53 - 26 април, 2024

Зошто пациентите инфицирани со ковид-19 не чувствуваат мирис? Што е аносмија?

Еден од карактеристичните симптоми на КОВИД-19 е губење на мирисот – аносмија. Пациентите со инфекција од коронавирусот можат да дишат преку носот, а сепак да не чувствуваат мирис.

По неколку недели истражување, научниците презентираа објаснение – зошто се случува тоа.

Во испитувањето е користена компјутерска томографија на носот и синусите на луѓе со аносмија предизвикана од ковид-19, при што забележале дека делот од носот кој е одговорен за чувството за мирис е блокиран од оток на меките ткива и слуз. Остатокот од носот и синусите изгледаат нормално, така што пациентите немаат проблем да дишат преку носот.

Познато е дека коронавирусот го инфицира телото со врзување на ACE2 рецепторите на површината на клетките, лоцирани во горниот респираторен тракт. Протеинот TMPRSS2 помага вирусот да влезе во клетка. Откако ќе влезе во клетките, вирусот може да се размножува, предизвикувајќи воспалителен одговор од имунолошкиот систем.

Првично, се сметало дека вирусот ќе ги зарази и уништи олфакторните неврони (клетки задолжени за мирис). Но резултатите од работата на меѓународната група истражувачи покажа дека во невроните за мирис не постојат протеини ACE2, туку тие се наоѓаат на одржливите клетки кои ги поддржуваат невроните за мирис.

Научниците сугерираат дека оштетувањето на овие одржливи клетки предизвикува имунолошки одговор и едем, но невроните за мирис остануваат недопрени. Кога имунолошкиот систем му возвраќа на вирусот, едемот изумира и молекулите можат повторно да навлезат во недопрените рецептори.

Меѓутоа, со сериозниот развој на вирусот, воспалената област сè уште може да ги оштети останатите клетки. Во овој случај, обновувањето на мирисот се одвива бавно, бидејќи на невроните за мирис им е потребно време за да се регенерираат. Добрата  информација е, што овие неврони се регенерираат.

 

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....